Министерот за здравство Фатмир Меџити најави дека утре на седница на Влада ќе го постави прашањето за нерешениот статус на лицата вработени со договор на дело во здравството.

Меџити, одговарајќи на новинарско прашање по денешната презентација на нова опрема за генетски испитувања во Македонската академија на науки и уметности (МАНУ) зошто ова негово ветување не е исполнето, рече дека со министерот за финансии неколку месеци работел на оваа проблематика и оти не знае зошто сè уште нема исход.

Тука ќе упатам критики до Министерството за финансии. Значи договарав шест-седум месеци заедно со министерот за финансии. Премиерот тогаш не назначи и мене и министерот за финансии и Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, направивме групи и работевме на тоа. И јас навистина макотрпно работев и не знам зошто не се случува ова. Утре како член на Влада, како министер за здравство ќе го покренам многу динамичпно и бескомпромисно ова прашање што ќе се случи со тие лице кои се со договор на дело“, рече министерот за здравство.

Тој ги отфрли како невистинити информации, наводите во едно од новинарските прашања дека по Нова година ќе нема лекови за онколошките пациенти.

Не знам каде ги добивате овие информации, не е вистина, се е под контрола, лекови ќе има. Со претпоставки јас како министер Фатмир Меџити не работам овие девет месеци скоро, а вие сте сведоци на тоа“, кажа министерот за здравство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.