Разрешените министри за здравство, Фатмир Меџити и информатично општество и администрација Азир Алиу на своите Фејсбук профили упатија исти реакции до вицепремиерот Артан Груби, кој, по нивното разрешување, им порача на граѓаните добра ноќ и да спијат мирно „бидејќи Али Ахмети се грижи за сите нас“.

На ова Меџити и Алиу на Груби му посакуваат добро утро.

Артан Груби во силна вознемиреност ни се заканува на Фејсбук, откако ја разреши АА од Владата, ни порачува „спијте мирно“ дека Али Ахмети ќе се погрижи за се… Артан…престани со заканите, одмори неколку дена ако ти помогне тоа и не ја разгорувај ситуацијата. Сфаќам дека ти е крај, но барем покажи ја машкоста на крајот! И…отворете го календарот…видете 8 мај! Затвори…многу многу блиску! ПРОМЕНАТА ПОЧНА!“, напишаа Меџити и Алиу.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.