Спасовски да каже зошто МВР молчи за кражбата на маслото од марихуана во Алдинци, и до каде е истрагата со кражбата на оружје од полицискиот магацин во Охрид, повикуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Масло од марихуана во вредност од над 2 милиони евра е украдено, а МВР молчи. Дали се работи за организирана кражба која треба да помине незабележано или полицијата на Спасовски е целосна неспособна.

Кога мафијата ја чувствува полицијата како своја, имаме кражби од милиони за кои никој не одговара.

Спасовски уште не кажа како се случи кражбата на оружје од магацин на полицијата во Охрид и зошто уште не е фатен сторителот, ниту пак се знае кој е тој.

Спасовски е неспособен и криминоген. Во една недела се обиде да сокрие убиство, му ограбија полициска станица и украдено е масло од марихуана во вредност од 2 милиони евра за кое никој не знае каде е, стои во партиското соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.