Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, додека е на средби со граѓаните во Крива Паланка, се обрати на социјалните мрежи со вест дека уапсен е советник на СДСМ од Берово. Според неговите информации, советникот, кој е и сопственик на ноќен клуб, е приведен поради вмешаност со дрога.

Тој побара одговорност и од претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, но и од носителите на листи од таа изборна единица, Сања Лукаревска и Љупчо Николовски, потпретседатели на партијата.

Претходно Ковачки порача дека промените доаѓаат и во Крива Паланка.

Од она што го слушнав општината е презадолжена, презадолжено е и Јавното комунално претпријатие, презадолжен е и ученичкиот дом „Боро Менков“. Кадрите на СДС тотално ја упропастија Крива Паланка. Меѓутоа тоа ќе се промени на 24 април и на 8 мај. Граѓаните треба масовно да излезат и да дадат поддршка за Гордана Силјановска Давкова и за ВМРО-ДПМНЕ. Зошто? Затоа што во Крива Паланка без разлика што тука има градоначалник од СДС ние ќе инвестираме 10 милиони евра само во еден мандат, за нова инфраструктура, за нов подостоинствен живот за граѓаните на Крива Паланка. Ве очекуваме со масовна поддршка на 24 април за Гордана Силјановска Давкова, порача тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.