Почна 88. собраниска седница која првично беше закажана за 11:00 часот, но од технички причини беше двапати одложена – за 13:00, па за 16:00 часот. Претседателот на Собранието, Талат Џафери најпрво објасни зошто се доцнело со седницата и рече дека за тоа ќе има целосен извшетај, а потоа ја констатираше оставката на досегашниот министер за локална самоуправа, Горан Милевски.

Џафери информира и дека Милевски нема да ја образложи оставката.

Имам обврска да соопштам дека пради технички проблеми и преоптовареност на системот за управување со пленарните седници беше неопходно одложување на седницата за што ќе има и посебен извшетај, рече Џафери.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски се јави процедурално за збор. Реагираше и го праша Џафери како може да ја дополнува седницата со нови точки од дневниот ред кога веќе била закажана, а референдуми или иницијативи поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, како што напомена, чекаат на преводи по 20 до 30 дена и не може веднаш да бидат ставени на седница.

Очекував подробно објаснување за седницата. Сега е 16:30 часот, а пратениците се влезени уште во 11:00. Материјалите се испратени, а вие продолжувате со доставување нови предлог-закони по времето за почеток на седницата. Од каде ви е бризната, стручната и можноста, а интерпелации или референдуми од ВМРО-ДПМНЕ кај вас завршуваат на преводи по 20 – 30 дена. Законите што ги поднесува ВМРО-ДПМНЕ не може веднаш да бидат ставени на седница, а закони поднесени во 11:06, иако официјално дневниот ред се утврдува во 11:00, се наоѓаат како дополнение за оваа седница. Вие правите преседан, а ја повикувате опозицијата на конструктивност, рече Мицевски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери во текот на седницата информира и дека Владата ги повлече измените на Законот за енергетска ефикансост.

Пратениците дадоа и поддршка за измените на законите за заштита на децата и за финансиска поддршка на ранливите категории граѓани за полесно справување со енергетската криза. Пред нив се вкупно 34 точки, меѓу кои и избор на нов министер за локална самоуправа, како и на двајца судии во Уставниот суд и донесување закони со кои може да се реализираат антикризните мерки.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.