Се работи за брутално загрозување на демократијата во Македонија. Ваков директен напад врз слободата на новинарството Македонија не памети. Мислам дека извинување е најмалку што може да се очекува, вака потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговори на новинарско прашање околу нападите на Димитар Ковачевски кон медиумите.

Тој додаде дека целата јавност треба да треба да има широко отворени очи бидејќи власта е свесна за поразот што ја очекува и ќе се обидува да опструира на секаков начин.

Ова јасно говори за тенденциите на власта и затоа треба целата јавноста да има широко отворени очи во следниов период. Свесни се дека губат, нервозни се и ќе се обидуваат да го нарушуваат целокупниот демократски процес низ разни форми на притисок како што е овој притисок којшто го прават врз медиумите. Наша поддршка за слободното и независно новинарство и да ги поддржиме новинарите да продолжат да си ја работат сопствената работа, а вакви како Ковачевски Македонија видела многу, но за среќа на Македонија и за нивна жал не завршуваат добро, рече Николоски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.