Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири појасни дека одлуката за физичко присуство во училишните клупи е донесена по препорака на Комисијата за заразни болести (КЗБ).

Ние како МОН ги следиме препораките на КЗБ. Од аспект на здравството е анализирањето на трендот на движеше на омикрон и другите варијанти во текот на учебната година. И старата КЗБ бараше физичко присуство во новата учебна година. Комисијата ја анализира ситуацијата во однос на возраста на децата, како се движат, во и надвор училишните клупи. Исто така ја земавме предвид и препораката на УНИЦЕФ за училиштата последни да се затворат и први да се отворат доколку е потребно, вели Шаќири во гостувањето на ТВ 24.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.