Комисијата за заразни болести по одржаниот состанок одлучи да препорача до Владата да се укинат задолжителното поседување на сертификати за вакцинација, за влез во моловите. Сега, повторно ќе има нова кампања за да се поттикне вакцинацијата, но без оваа рестрикција. Сертификатите за влез во кафеани и ресторани, остануваат.

Да се препорача укинување на задолжителните сертификати за во молови, односно онаму каде не е задолжително носење на маски. Ова е олеснување на рестриктивните мерки. Ќе бидеме внимателни, рече д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата.

Портпаролот на Комисијата д-р Злате Мехмедовиќ додаде дека оваа мерка не е целосно укината.

Па така, ќе се контролира таму каде ќе се служи храна. Не би требало укинувањето на мерките да даде зголемување на бројот на заразени, кажа портпаролот Мехмедновиќ според кого вакцинацијата е на ниско ниво.

Мехмедовиќ кажа дека фокусот е на подигнување на квалитетот на имунитетот кој ќе биде основа за понатамошно олабавување на мерките.

Со потенцирање на вакцинацијата кај ризичните групи, ќе спречиме компликаиции кај оваа група на граѓани. 260 илјади граѓани се во таа група, 130 илјади не се целосно вакцинирани, а останатите нема бустер доза, изави Мехмедовиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.