СДСМ и ДУИ сакаат да го продадат МЕПСО на грчко – кинеска фирма? Се подготвува ли нов бонбона бизнис?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Во Грција излегле информации во медиуми дека грчкиот електро преносен систем каде 24% сопственост има кинескиот електропренеосен систем во државна соспственост сака да го купи МЕПСО.

 

Доколку власта се осуди на продажба на МЕПСО тоа ќе значи целосно губење на енергетската независност на Македонија.

 

СДС и ДУИ беа тие кои ја продадоа ЕСМ на само неколку месеци пред изборите во 2006 година.

 

СДС и ДУИ се тие чии бонбона бизниси ги чинат граѓаните милиони.

 

Власта да не влегува во нови авантури, МЕПСО е од стратешко значење за државата и негова продажба не носи никаква полза за Македонија и граѓаните, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.