Ако е останата барем една трошка морал во оваа власт, треба веднаш да се извини на ВМРО-ДПМНЕ, за овој случај, кој намерно беше конструиран, за да нанесе штета на партијата, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Самото обвинителство, кое е под контрола на ДУИ и СДС, се откажа од овој случај, поради недостиг од докази, а со тоа се докажува за колку беспредметен случај се работи.

 

Како што констатира самото обвинителство дека од истражната постапка, не произлегоа ниту материјални, ниту вербални докази, кои би го потврдиле основното сомнение, дека делата, кои им се ставаат на товар на осомничените, се кривични дела, за кои, се гони по службена должност, односно произлезе дека пријавените не презеле дејствија, кои ги сочинуваат битијата на пријавените кривични дела.

 

Чекаме извинување од власта пред граѓаните, кои се обидоа истите да ги доведат во заблуда, измислувајќи и монтирајќи непостоечки случај, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.