За време на средбата на Владата со претседателот на Бугарија Румен Радев еден детал остави најголем впечаток.

Тоа сигурно не беа разговорите на Радев со премиерот и со дел од министрите туку иконографијата во просторијата каде што се одвиваше средбата. На зидот беа закачени фотографии од Браќата Миладиновци кои се нераскинлив дел од македонската историја.

Од македонската страна немаше никаква реакција зошто на зидот има фотографии од струшките браќа и дали ова значи дека веќе се откажале од нивниот лик и дело.

Браќата Миладиновци се дел од османлискиот период а токму тој период е главна пречка во комисијата за историја меѓу двете земји.

Животот на Браќата Миладиновци на никаков начин не е поврзан со Бугарија или Бугарите.Напротив, тие имале добри врски со Русија, каде Константин се школувал.

Во јуни 1860  година Константин се сретнал со хрватскиот епископ Јосип Јурај Штросмаер, тогашен поглавар на хратската католичка црква кој му го финансира  печатењето на Зборникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.