Основното јавно обвинителство ја отфрли кривичната пријава и нема да постапува понатаму во врска со случајот на поранешната министерката за финансии Нина Ангеловска во врска со повлекувањето на своите депозити од пропаднатата „Еуростандард банка“.

Постапувајќи по насоките на Вишото јавно обвинителство Скопје, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ги презеде сите дополнителни дејствија со цел утврдување на сите неопходни факти и донесување соодветна јавнообвинителска одлука во предметот за кој покажувате интерес. Потоа повторно беше донесено решение за отфрлање на кривичната пријава, бидејќи во пријавените дела не беа утврдени елементи на кривични дела кои се гонат по службена должност. Вишото јавно обвинителство го потврди донесеното решение и тоа е правосилно, изјавиле од ОЈО за „Фактор“.

Инаку, за потсетување, политичката партија Левица на крајот на 2020 до ОЈО поднесе кривична пријава против Ангеловска за „Еуростандард банка“, бидејќи додека била на функција, според партијата, злоупотребувајќи инсајдерски сензитивни информации го повлекла својот депозит од 250.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.