Време е СДСМ да престане со празни флоскули и нека одговори на јавноста за сиот сторен криминал од страна на нивните функционери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Време е да има одговор и одговорност како исчезнува масло од фабриките за канабис, кој е сопственичкиот удел на семејството Заеви во фабриките за марихуана низ Македонија.

Време е да има одговорност и за кого крадеше Мухамед Зекири. СДСМ нека одговори на јавноста каде отидоа парите од рекетот, а според Јовановски тие отидоа директно кај Вице и Зоран Заев.

Но исто така ќе треба да има и одговорност за политичките нарачки и тортури кои се случуваат против сите неистомисленици на власта.

Време е СДСМ да биде искрен пред граѓаните и да одговара и за украденото оружје од охридската полиција, но и за сите тендери и матни зделки во РЕК Битола, и сите други институции и фирми кои беа користени за испумпување на пари од буџетот на државата, за сметка на луѓе блиски до власта.

Да оставки ќе има, но и одговорност за раководството на СДСМ и Владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.