Тоа што Димитар Ковачевски како директор во Македонски телеком АД бил поканет и присуствувал на отворање на објектот на МНТ нема ама баш никаква врска со криминалот на ВМРО-ДПНЕ. За криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и оној од „Скопје 2014“ збор имаат македонските судови, се наведува во писмената реакција на СДСМ за прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го дискредитира Ковачевски уште од првиот ден на неговиот избор. Лидерството, способноста, решителноста и успехот на Ковачевски во менаџирањето на најголемата економско-енергетска криза, уште во првите 100 дена од мандатот резултираа со страв и очај во ВМРО-ДПМНЕ. Не само целото ВМРО-ДПМНЕ туку и Христијан Мицкоски се плаши од Димитар Ковачевски. ВМРО-ДПМНЕ нема што да им понуди на граѓаните, Мицкоски е загубен, покажува немоќ и неспособност да дефинира основен политички став на било која тема важна за граѓаните, се наведува во реакцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.