По денешната посета на црквата Св. Спас и положувањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев по повод 121 година од смртта на Гоце Делчев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што Ковачевски вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги загрози европските интеграции истакна дека ако некој овие 7 години ги загрози ЕУ интеграциите тоа се СДСМ и ДУИ поради криминалот и корупцијата и нивната политичка матрица како само да го ограбуваат народот.

„Па ако некој ги загрозува овие 6 и половина речиси 7 години сега на 1 јуни е токму коалицијата ДУИ и СДСМ, бидејќи главна цел изминатите 6 и половина 7 години не беше да презентираат вредности, да ги решаваат проблемите на граѓаните тие имаат за цел да прифаќаат понижувачки договори и да ставаат потпис на се за да можат подолго да останат во фотелјата и да можат да го ограбуваат народот и да можат да ја ограбуваат Македонија. Тоа беше нивната политичка матрица, така што тие се главните виновници зошто ние 7 години не се поместивме ниту милиметар од тоа што беше состојба пред пет години иако ветуваа ќе ве потсетам и живот и едно општество за сите донесоа живот за малкумина и општество за малкумина“, нагласи Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.