СДС очекувано застана во одбрана на Данела Арсовска, затоа што на тајните средби се обединија за провизиите и бугарските бизнис интереси, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Кога се јавува наместо Арсовска, СДС да одговори дали се пристигнати автобусите од Бугарија? СДС да одговори дали Ковачевски и Арсовска договориле да направат хаос за да се даде приватниот превоз во Скопје на фирма од близина на Софија? СДС во име на Арсовска да одговори зошто директорот на ЈСП од СДС, при договорот со фирма на пратеник од СДС, нема попуст, токму пари да се порамни долгот кон приватниците? СДС наместо да застанува во заштита на Данела Арсовска, да каже дали нејзин соработник- сметководител и нејзин роднина се главни за провизиите од штетните договори? Прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС, ДУИ Левица чии членови Данела Арсовска ги постави за директори се директно виновни за хаосот во Скопје! Истакнуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.