Анкетата на „Евротинк“ ја разобличи целосната неспособност на власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ, потсетувајќи дека според анкетата, започнувајќи од нивото на корупција во државниот систем, недовербата во институциите, како и мислењето на граѓаните дека државата не се движи во правична насока, катастрофално поразителни се и резултатите за демократијата во државата.

Иако главниот слоган на СДС изминатите избори беше враќање на демократијата, тие не што не направија нешто повеќе, туку и те како ја уназадија демократијата во Македонија.

Дури 61% од граѓаните сметаат дека во државата нема демократија. Ова е резултат непочитувањето на човековите права, ускратувањето на правото на слободно изразување и говор, секојдневното цензурирање и закани спрема медиумите.

За само една година резултатите на прашањето „Дали во Македонија е демократска земја“ незадоволството и негативниот одговор се зголемил за 21%. Во 2021 година оцена 1 и 2 дале 40% од граѓаните, 2022 година 61% од граѓаните.

Токму заради ваквите катастрофални политики на неспособната власт на СДС и ДУИ секојдневно се иселуваат илјадници граѓани.

Зголеменото ниво на корупција и криминал, недовербата кон институциите, лошите економски политики, катастрофата во образованието, како и немањето демократија се вистинските индикатори дека ова е најнеспособната и најкриминалната власт во Македонија.

Колку подолго оваа власт е во удобните фотелји, толку повеќе ќе тоне државата. За излез од оваа состојба веднаш се потребни предвремени парламентарни избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.