Случајот Рекет фрли голема сенка врз судството и обвинителството, оцени обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска. Токму денеска пред граѓанскиот суд се водеше предметот во кој бизнисменот Орце Камчев ги тужи поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Боки 13 и бара отштета односно си ги бара парите назад, по пресудата дека му земале рекет од еден и пол милион евра. Се работи за парите кои во ташна на Луј Витон беа изнесени од куќата на Камчев и тоа од Зоран Милески Кичеец, за кого пак Камчев ја повлекол тужбата. Како Рекет влијаеше врз судството и обвинителството.

„Фрли голема сенка и врз судството особено врз обвинителството. Без разлика што поранешното СЈО беше издвоено од Јавното обвинителство на Република Македонија како посебен субјект а особено негативно се одрази врз сите обвинители и обвинителства воопшто. Се надевам дека полека ја враќаме довербата на јавноста во Јавното обвинителство генерално“, вели Рускоска за „ТВ 21“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.