Меѓународниот секретар за надворешна соработка на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски, вечерва гостуваше во емисијата „Само вистина” која се емитува на Канал 5 телевизија и даде свој коментар за политиката кон Бугарија и обратно, која ја водат властите на двете држави, како и утрешното доаѓање на бугарскиот премиер Кирил Петков во Македонија на сопствена иницијатива да отвораат библиотека, финансирана од бугарската држава.
Андоновски рече дека ако ситуацијата беше обратна, односно ако премиерот Ковачевски отидеше во Благоевград да отвори културен дом на Македонците заедно со претседателот на „ОМО-Илинден” Пирин или некои од другите непризнаени здруженија, може да се замисли хистеријата која би ја направија Бугарија. Од друга страна, вели Андоновски, во Македонија имаме таков тип на средба која на ниеден начин не е прокоментирана од страна на власта.

Освен што не знаеме зошто овие луѓе доаѓаат во Македонија, со кого ќе се сретнат, дали ова е официјална или неофицијална посета, многу е значајно дека сите информации кои ги добиваме во врска со било какви односи помеѓу Македонија и Бугарија ги добиваме од страна на Бугарија. Бугарски аналитичари коментираат, бугарски поранешни функционери коментираат а од наша имаме затскривање на проблемите и состојбите и барања граѓаните да веруваат. Граѓаните покажаа дека комплетно не ѝ веруваат на оваа влада и од тука се плашам дека што и да излезе од кујната на оваа влада нема воопшто да се прифати од страна на граѓаните, затоа што недостасува објаснувањето. Кога немате информации, граѓаните со право одат во позиција на страв и позиција на одбивање. И затоа мислам дека и понатаму ќе ни се случува да владата оди на еднострани фарси, дипломатски фарси, а од другата имаме едно организирано движење од страна на Бугарија – кажа Андоновски.

Андоновски го коментираше и односот на министерот Османи и кажа дека тој е лажен триумфалист и лажен оптимист и постојано вели дека само што не стасал до договор, има некаков договор и може да се забележи дека неговото присуство во медиумите да е секојдневно со некаков ексклузивитет. Таа трка по ексклузивитет, вели Андоновски, ги нарушува македонските позиции.

Кога ќе кажете дека има текст, има документ со кој вие сте согласни, а Бугарија веќе ви го отфрлила, следните преговори започнуваат од таа стартноцелна рамнина, односно ќе започнат од работите кои на Бугарија не ѝ одговараат во документот кој што вие веќе сте го прифатиле. Ние од почеток кажуваме, прашањето за Бугарите во македонскиот устав е ново прашање, тоа прашање во некоја смисла е несериозно затоа што не се појавило на почетокот на македонско-бугарските односи, господинот Заев беше спомнат, тој во 2017 рече ние ги затворивме сите отворени прашања со Бугарија. Замислете, прашањето за Бугарите во македонскиот устав е поново дури и од барањето за лет Скопје-Софија. Се работи за ново, по нас барање кое е само зад завесата, само за едно шоу кое му помага на министерот за надворешни работи, но ние се плашиме што се случува зад завесата. Зад завесата се македонските национални интереси кои се дискутираат надвор од црвените линии зад кои парламентот застана – рече Андоновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.