Со транспаренти на кои беа испишани пораките „Слобода за Ламбе“, „Земја измачена од клети фашисти“, „Во градот на Стив Наумов нема место за Ванчо Михајов“ попладнево пред полициската станица во Битола се одржа протест за поддршка на пеачот Ламбе Алабакоски кој е во осумдневен притвор откако вчера беше уапсен а потоа и призна дека во саботата го подметнал пожарот во бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“.

Културниот центар „Ванчо Михајлов“ е класична провокација за Битолчани. Регистриран е нелегално и неговата регистрација во Централниот регистер треба да се поништи – изјави советникот на Левица, Горан Велевски.

По завршување на протестот пред полицијата, граѓаните се упатија кон битолскиот затвор каде што е притворен Алабаковски за да му изразат поддршка.

Извор: Нова Македонија

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.