Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на божиќниот ручек којшто го приреди поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, по повод божиќните празници и неговиот именден – празникот на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан.

На божиќниот ручек којшто традиционално се приредува во резиденцијата на архиепископот присуствуваше претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, како и членови на Светиот синод на МПЦ-ОА, соопшти Кабинетот на Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.