Претседателот на бугарскиот Парламент Росен Желјазков во вторник ќе престојува во работна посета на Собранието на Република Македонија. Желјазков ќе има средба и разговори со претседателот на Собранието Талат Џафери, по што тие ќе ја отворат изложбата „Сребрена Тракија“ во Археолошкиот музеј.

Изложбата е организирана од Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија и ќе бидат претставени 1700 експонати од 18 бугарски национални, регионални и општински музеи.

Бугарските медиуми јавуваат дека претседателот на бугарскиот Парламент пред работаната посета, ќе ја посети црквата „Свети Спас“ и ќе положи венец пред саркофагот на Гоце Делчев. Потоа Желјазков ќе присуствува на настан организиран од Бугарскиот културно информативен центар во Скопје, на којшто ќе бидат поделени ваучери за интернет обука за деца со посебни потреби, на нивни родители и наставници.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.