Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работни посети на Регионалниот центар за гранични работи Југ, Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица и Одделението за внатрешни работи Гевгелија.

Како што денеска соопштија од МВР, на состанокот било потврдено дека Регионалниот центар за гранични работи Југ, во чиј состав е и ПС за ГН и ГП Богородица постапува во рамки на предвидените приоритети согласно стратешкиот план, со посебен акцент на илегалната миграција, криумчарењето мигранти и прекуграничниот криминал и во овој дел се постапува во соработка со Фронтекс. Во тој контекст, се додава во соопштението, во последниот период се бележи намалување на миграцијата.

– Што се однесува до ОВР Гевгелија безбедносната состојба на подрачјето кое го покрива е стабилна и се задржува ниска бројка на извршени кривични дела. Од страна на раководството бев запознаен дека се преземаат мерки и активности насочени кон расчистување на изборни нерегуларности. Во делот на човечките ресурси и материјално-техничката опременост ситуацијата е критична бидејќи кадровската пополнетост е 36 проценти, а има недостаток и на моторни возила потребни за ефикасно полициско постапување, заклучил техничкиот министер Тошковски, се наведува во соопштението од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.