Во Собранието заврши за денеска 81-та пленарна седница, на која пратениците расправа за Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европската Унија на 30 јуни 2022 година, по што ќе треба и да бидат усвоени заклучоци, односно насоките што ќе и бидат испорачани на Владата.

Истата седница продолжува во текот на утрешниот ден од 11 часот.

Пратениците од опозицијата на говорите на пратениците од власта одговорија со свирежи, а потоа излегоа пред Собранието и се приклучија на демонстрантите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.