„Самиот факт дека денеска оваа трибина е една од неколкуте кои ги организира ВМРО-ДПМНЕ во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите” е посветена токму на нас младите, говори за фактот дека младите се приоритет на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Младите во Република Македонија беа излажани и би рекол беа излажани на еден брутален, брутален начин. Им се ветија брда и долини, нови студентски градови, нови студентски кампуси, поуспешно образование, подобри универзитети, им се гарантираше младинска гаранција од која не видовме апсолутно ништо бидејќи младинската невработеност се уште е на највисокото место во регионот и во Европа”, истакна Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина „Младински политики” од Куманово.
Попов додаде дека проблемите на младите луѓе во Република Македонија не се само егзистенцијални туку младите луѓе во Република Македонија повеќе не можат да издржат и животот им станува неиздржлив поради сеопштата општествена деканденција која што владее во македонското општество. Тука е и корупцијата која што станува заразна. А, со сите овие работи државата Република Македонија од мајка за младите луѓе станува маќеа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.