Во емисијата „За или Против“ на Алфа ТВ гостуваше аналитичарот Сашо Клековски и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кој што истакна дека власта нема вредносен компас , ги прекршува законите и го злоупотребува европското знаменце поради својата неспособност.

Владата на ДУИ и СДСМ прават се што е спротивно на нивните декларирани политики и на критиките спрема ВМРО-ДПМНЕ кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт пред неколку години. Да почнеме од темата за европското знаменце, сега сме сведоци каде што заменикот премиер кој е одговорен за европските интеграции да каже дека главната цел на употребата на европското знаменце е да се замолчи опозицијата. Страшно е кога имате заменик премиер кој доаѓа од граѓанското општество сега да вели дека единствена цел е да се спречи опозицијата да го каже тоа што го мисли за овие закони“ нагласи Клековски.

Клековски додаде и дека гласачите на власта треба сами да увидат што СДСМ ветуваше а што прави и како се грижи за работничката класа.

Гласачите на СДСМ треба да видат што СДСМ ветуваше и што СДСМ прави и во однос на прашањето со европското знаменце. Следно е и со поддржувањето на работната недела и часовите. Ова е влада со најизгубен компас што сме ја имале во историјата. Бидејќи не може минатата година да тврдите дека работничките права ви се најважни а оваа година да газите по нив, и истовремено домашните субјекти ригорозно да ги казнувате. Да не зборувам дека уставниот суд се има произнесено за овие работи. Гледате дека има комлетно изгубен вредносен компас.Еден од проблемите на оваа влада покрај тоа штро нема никаков вредносен столб е неспособноста. Сето ова се случува заради нивната неспособност, истакна Клековски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.