Помирувачот помеѓу СОНК и владата е десна рака на Тренчевска, ова е измама, власта ги понижува наставниците, обвинуваат од ВМР0-ДПМНЕ.

Помирувачот е човек вработен во кабинетот на министерката за труд и социјална политика. Тој не може да биде непристрасна страна, кога една од засегнатите страни е владата, односно Ковачевски и неговата шефица Тренчевска. СОНК е во подредена полжба, а наставниците се деградирани и понижени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Потенцираат дека Владата го прекрши Занонот за мирно решавање на споровите.

Владата лаже за ветеното покачување. Вистинско покачување на платите е кога ќе бидат исполнети барањата на СОНК, се друго е притискање на наставниците да ги прифатат условите на владата, за на истата да и останат повеќе пари за матни тендери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.