ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да прифати и дозволи во рамки на преговорите со Бугарија да се отвори македонскиот Устав со цел промена на преамбулата, без претходни писмени гаранции за нашата историја, за нашиот македонски јазик, без вештачки фусноти, за нашата посебност и културна различност, порачаа од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да се согласи на исполнување на барањата во Бугарската декларација, затоа што тоа ќе значи негација на македонскиот јазик, историја и народ. Тоа е став не само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и на мнозинството македонски граѓани. Не може Ковачевски воден од желбата да му удоволи на Петков да прави есап спротивно на државните интереси и интересите на народот во Македонија, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.