Помалите коалициони партнери на Ковачевски почнаа да се изјаснуваат против францускиот предлог. Првиот човек на ЛДП е на ставот дека билатераланите спорови не смеат да станат европски услови.
– „Македонската евроинтеграција не смее да биде заложник на фрустрациите на Бугарија. Секое предлог решение мора да добие согласност од македонскиот парламент. Јазикот не може да биде компромис, бидејќи тоа е веќе решено прашање со Преспанскиот догово“ – Напиша Милевски, претседател на ЛДП.
Милевски и порачува на ЕУ дека ако како гарант на преспанскиот, не го почитува, тогаш се доведува во прашање и смислата на самиот договор и колку Македонија треба да покаже реципроцитет.
– ЕУ треба јасно да се изјасни, ја сака ли Македонија во ЕУ или НЕ. Ние повеќе немаме време за губење, нагласува Милевски. – Додаде Димовски
Ставот на Милевски е на место, но ако Владата не го послуша, тогаш треба ЛДП да ја повлече поддршката. Дела а не зборови, му одговори поранешниот колега Илија Димовски.
„Да те потсетам, доколку стоите на позициите за зачувување на националниот идентитет, достоинството, засебноста на македонскиот народ и јазик, нема цена што е скапа за да се спасат тие работи…“ – Напиша Илија Димовски на Фејсбук.
И од Демократскиот сојуз, партијата на Павле Трајанов, велат дека имаат сериозни резерви за предлогот, но дека ќе конечниот став ќе го донеле откако ќе го виделе целосниот текст. Свесни се дека на повидок е нов договор.
„Со новиот договор на перфиден начин се оспорува македонскиот идентитет, историјата и јазикот и истовремено не се нудат гаранции дека Бугарија ќе престане да излегува со нови барања, уцени и блокади. Конечниот став ДС ќе го изгради по добивањето на интегралниот текст на предлогот и негова подлабинска анализа.“ – Истакнаа од Демократски Сојуз.
До овој момент уште тактизираат другите помали партнери во владејачката коалиција, ДОМ и НСДП. Секако став нема ниту од СДСМ ниту од ДУИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.