На последните неколку анкети ВМРО-ДПМНЕ има сериозна предност пред СДСМ што покажува дека опозицијата ќе однесе убедлива победа на парламентарните избори, без разлика дали тие ќе бидат редовни или предвремени.Потврда за големата поддршка што ја ужива ВМРО-ДПМНЕ е денешната анкета на ИПИС.

Во неа на прашањето „За која партија би гласале доколку следната недела има парламентарни избори?“, за ВМРО-ДПМНЕ гласот би го дале 20,3% од граѓаните, додека за СДСМ само 11,3%. Ова значи дека на изборите ВМРО-ДПМНЕ ќе има речиси двојна предност пред власта.

Трета партија во македонскиот блок е Левица а по него ЗНАМ на Максим Димитриевски.Во албанскиот блок се уште предност има ДУИ но новата албанската опозиција, Демократското движење на Изет Меџити, Беса и Алтернатива сериозно се доближуваат.

Потврда за лошото владеење на власта дојде и од анкетата на ИРИ од јули годинава. Во неа 38 проценти од граѓаните немаат довореба во владеењето на правото.На прашањето за насоката на движење на земјата, само 14 отсто од македонските граѓани одговориле дека таа се движи во добра насока, додека 56 отсто го мислат спротивното, односно не се задоволни од насоката каде се движи земјата.

ВМРО-ДПМНЕ имаше сериозна предност пред СДСМ и во анкетата  на „МКД.мк“ спроведена од агенцијата Маркет вижн од 5 до 16 јуни оваа година.

На прашањето „за која партија ќе гласате на наредните избори“, 22 посто од испитаниците рекле дека ќе гласаат за ВМРО- ДПМНЕ, 11,5 процнети од испитаниците за СДСМ, за ДУИ 9,2 отсто, за Левица 5 , Алијанса за Албанците 3,5 отсто

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.