На 65-годишна возраст почина познатиот специјалист по радиологија, д-р Златко Стојковски.

Стојковски е роден 1959 година во Скопје, а со години работеше како радиолог.

Со години на посветеност и стручност, тој стекна углед како радиолог, оставајќи значаен траг во медицинската заедница. Неговата работа, експертиза и хуманост беа инспирација за сите кои го познаваа добро и работеа со него, како пациентите, така и колегите, стои во објавата на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари АСМЛ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.