Бебе вчера починало во стомакот на родилка од Битола откако ѝ била дадена таблета да го испровоцира породувањето, ама родилката била пратена дома од лекарот гинеколог кој бил дента на смена, објави „Независен“.

Како што пишува порталот, кога родилката се вратила ноќта на болница да раѓа, веќе било доцна, дежурните лекари виделе дека бебето страда, по бојата и исцедокот на водењакот, се обиделе да ја породат родилката и да го реанимираат бебето.

И директорот на битолската клиничка болница д-р Александар Обедниковски го потврдил случајот, без детали.

Денеска во 14 часот министерот за здравство д-р Фатмир Меџити доаѓа во посета на болницата.

И од битолското обвинителство го потврдиле случајот и велат „во тек е обдукција да се утврдат причините за смртта.

Претходно, на Детското одделение во болницата во Битола почина 6-годишната Јана Христовска откако и беше дадена инфузија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.