Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вели дека не успеале спиовите на СДСМ по лидерската средба. ТОј во интервјуто за „Република“ открива дека ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Мицкоски по лидерската имаат зголемен рејтинг.

СДСМ во лидерската средба влезе со нечесни намери, извртување и лаги, но времето покажа дека манипулираат и лажат.Ние понудивме два концепти како да се заштити македонскиот национален идентитетм а од друга страна да се отвори патот кон ЕУ. Но СДСМ не прифати ниту еден од тие два концепти и затоа тие веќе не се на маса и единствената опција која стои на маса е предвремени избори. Македонија е во голема политичка криза и поларизација и единствениот начин да се излезе од сето ова се брзи избори на кои граѓаните ќе кажат кој треба да ја води државата и кон каде треба да се движи Македонија. Дали треба да се движи кон продолжување на кримининалот и корупцијата во врвот на власта, или треба да се движи кон воспоставање на една силна битка со криминалот и корупцијата и воспоставување на правна држава.Тоа се двата концепта кои ќе се судрат на избори кои верувам дека ќе се случат час поскоро.

Тој смета деа оваа Влада нема капацитет да го истера мандатот до крај.

Гледаме дека Владата се распаѓа на дневна основа така да не очекувам дека ќе успеат да го завршат мандатот до крај-прогнозира Николоски.

Тој ги оценува СДСМ и медиумите под нивна контрола како лоши спин доктори за претставувањето на исходот од лидерската средба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.