Дојдов со една цел, да ви кажам неколку работи. Прво општествена одговорност е секој културен работник, актери, музичар да дојде и да говори дека имаме само еден јазик, а тоа е македонскиот, вели актерката Весна Петрушевска на денешниот протест Ултиматум – НЕ благодарам пред Собрание.
Петрушевска нагласи дека никој нема право да преговара за македонскиот идентитет и македонскиот јазик бидејќи како што рече таа тоа е нашата тврдина.
Не може никој да преговара за нашиот идентитет, македонскиот јазик е нашата тврдина. Со македонскиот јазик ние војуваме. Ние сме супер народ, ние сме само обесправени, изјави таа.
Петрушевска истакна дека овој протест е за борба за Македонците и македонскиот јазик.
Затоа денеска сум денеска тука и не ме спречи ниту дождот, времето и грмотевиците. Ова е борба за нас, за Македонците и за нашиот јазик, порача Петрушевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.