Министерката за одбрана Славјанка Петровска вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека тие не го оставиле украинскиот претседател Володимир Зеленски сам.

Не би рекла дека го оставивме сам заради тоа што со сите механизми, кои во изминатиов период ги видовме, ги преземаме сите мерки и активности за спротиставувањето на агресорот во Украина. Мислам дека покажавме прилично голема солидарност. Ако од нас како воена алијанса НАТО се очекува да извршиме инвазија во Украина, тоа е невозможно. НАТО силите дејствуваат на својата територија и дејствуваат исклучиво во одбрана на територијалноста на НАТО-сојузниците, вели Петровска, која потсети дека и члените и други земји се приклучиле кон санкциите и ревносно ги спроведуваат.

Санкциите значеа отпор на таа агресија, потенцира министерката за одбрана на триесеттата членка на НАТО.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.