Претседателот Пендаровски оцени дека негов впечаток е дека главниот аргумент за пад во евроинтузијазмот во ЕУ е на страната на Брисел.

– Точно е дека анкетите во последниве 18 месеци и во нашата земја и во нашиот регион покажуваат пад на поддршката за ЕУ. Јас не би сакал да се изземеме сите ние што сме локални и регионални политички раководства, се разбира имаме и ние тука одреден дел од одговорноста. Меѓутоа, мојот впечаток, мојата анализа почива на фактот дека главен резон, главен аргумент за овој пад во евроинтузијазмот да го наречеме поддршка за членство во ЕУ е на страната на Брисел затоа што во изминатите три-четири, пет па и повеќе години објективно не гледаме дека процесот на европските интеграции се движи напред, истакна Пендаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.