Опозицијата го има тој став кој го има за уставните измени и против внесувањето на бугарското малцинство во преамбулата на Уставот можеме само да разговараме и да се убедуваме.Ако е вистина, ако е реално тоа што го декларираат дека самата содржина на барањето не е спорна и не може да ја дестабилизира државата и ако е точно дека навистина сакаат европски интеграции тогаш м.ислам дека треба да преработи свеста кај нив и да гласаат за уставните измени. Утре задутре, догодина, за година две  тие ќе бидат во една демократија има промена на власта секојпат, тие ќе бидат на власт и ќе го побараат истото од утрешната опозиција.Зошто тоа не би го завршиле сега.Ако сите се согласуваме 30 години наназад дека имаме апсолутен конзензус за членство во ЕУ.Не сум чул поинаков став од најголемата опозициска партија. Мислам дека треба да го завршиме тоа.Во интерес е на државата и на народот. Не е битно кој е на власт.

Ова е ставот на претседателот Стево Пендаровски за дебатата која се води за уставните измени. Тој со оваа изјава како да навести дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде идна власт во Македонија па затоа бара ова прашање да се реши што е можно побрзо.

Шефот на државата е уверен сум дека ако процесот на преговори со ЕУ не биде базиран предоминантно на историја, ако биде базиран на реалните европски критериуми и вредности, ние ќе ги завршиме во рекордно време тие преговори.

Јас ве уверувам, затоа што го знам нивото на подготвеност на мојата земја во однос на европските интеграции – 17 години ние се подготвуваме за овие преговори, тоа е најдолг период на подготовки на било која држава во историјата на ЕУ, оцени Пендаровски. Ние сме најдобро подготвениот кандидат за членство во историјата на ЕУ. Тимовите за секое поглавје се направени уште пред деценија и половина, кажа Пендаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.