Претседателот Стево Пендаровски во објава на Фејсбук го осуди нападот врз секретарот на клубот на бугарската заедница во Охрид, Христијан Пендиков.

„Го осудувам нападот врз секретарот на клубот на бугарската заедница во Охрид, Христијан Пендиков. Ги повикувам надлежните институции да спроведат брза и темелна истрага, со соодветна одговорност и санкции за сторителите“, пишува во објавата на Пендаровски.

Бугарските медиуми јавуваат дека премиерот Димитар Ковачевски во телефонски разговор со бугарскиот премиер Галаб Донев изразил подготвеност за истрага на случајот. Донев го осуди тепањето и го оцени како целосно неприфатливо и опасно кривично дело извршено врз државјанин на Република Македонија со бугарска самосвест.

“Донев побара од локалните власти веднаш да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на Бугарите во земјата против ваквите злосторства од омраза. Притоа, премиерот Галаб Донев побара помош од организацијата за транспорт на Христијан Пендиков на лекување во Бугарија“, објавија бугарските медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.