На денешната трибина „Предизвиците на локалната самоуправа во услови на енергетска криза“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ, Елена Маркова, претседателка на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ потсети дека во периодот кога се случуваа локалните избори во 2021 година и кога ВМРО-ДПМНЕ сигнализираше дека се случува нешто посебно со електричната енергија и гасот, СДСМ ги тераше изборите лежерно и постојано излегуваше по телевизиите известувајќи ги граѓаните дека се е под контрола. Но, за жал се случи она што ниту еден граѓанин не го посакуваше, а тоа дека ништо не беше под контрола како што уверуваше СДСМ.

И покрај тоа што ВМРО-ДПМНЕ победи на локалните избори и освои најголем број на општини, се случи она најлошото да нашите градоначалници се соочат со проблеми од невидени размери предизвикани токму од несериозноста на СДСМ. Доволен доказ беше првата енергетска криза која што ја прогласија во времетраење од шест месеци од декември 2021 година до јуни 2022 година и тоа во снабдување во електрична енергија и делумно снабдување со топлинска енергија на територија на град Скопје. Истото се случи и годинава, значи некаде од минатиот месец до траење на крај на април имаме повторно прогласена електроенергетска криза. За сето ова време се случуваа неколку пострашни проблеми значи цената на берзите на електричната енергија и гасот растеше. Меѓутоа за жал цента на електричната енергија дома кај нас исто така растеше било за домаќинствата, било за малите потрошувачи, а оние пак компании кои што набавуваат на слободен пазар за нив нема потреба да зборуваме дека имаше период во кој што цената некогаш порасна за7, 8 па и 10 пати, потенцираше таа.

Таа посочи дека улогата на регулаторот во оваа ситуација во која што се наоѓа државата е никаква. Бидејќи ако некаде од јули 2020-та година досега кумулативно цената за домаќинствата е порасната за 41%. А, за малите потрошувачи кои што се исто така на регулираниот пазар, а се снабдувани од ЕВН Хоме до крајот на 2021 година имаа за 30% зголемена цена, а од 1 јули 2022 година имаат за 5 пати зголемена цена. Тоа се фирми кои што имаат по 50 вработени, фирми кои што имаат помалку од 2 милиони евра годишно обрт во денарска противредност, тие се соочија летово со пет пати зголемена цена во однос на минатата година.

За сето ова време берзите флуктуираа, но секогаш беа поголеми од она што беше летото 2020-та или летото 2021 и 2022 година. Што значи ова? Значи дека и домаќинствата и малите потрошувачи, и сите субјекти кои што излегоа на либерализираниот пазар значи да набавуваат слободна енергија од снабдувачи се соочија со енормно зголемување на цената на електричната енергија. Се случија и други проблеми за кои што би сакала да алармирам, се случи една состојба во која уличното осветлување согласно Законот за локална самоуправа е со фиксна тарифа и секое домаќинство во својата сметка добива цена од 184 денари, најголем дел од енергијата која што требаше да се користи во земјата за улично осветлување беше планирана да се набави од увоз, од берза, а многу мал дел да биде само на регулиран пазар, во пресметките на регулаторот. Тоа придонесе да Општините оставени сами на себе да се соочат со двоен проблем, прво добиваат минимален додаток од ЕВН затоа што ЕВН го собира преку нашите сметки кои што ни ги испорачува односно 184 денари, а таа енергија која што мора општините да ја користат и да ја платат кон ЕВН ја набавуваа на слободен пазар каде што беше од 9 до 10 пати поголема“, појасни Маркова.

Таа рече дека општините се соочија и со втор проблем, не само со уличното осветлување туку и со целокупната потрошувачка, што значеше дека треба да ја набавуваат преку снабдувач од берза.

На трибината се обрати и градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков, кој нагласи дека енергетската криза влијае и на хотелиерството и на големите производни капацитети.

Охрид има доста сонце и луѓето гледаат да ја искористат опцијата за соларни панели. Реалноста, односно оваа енергетска криза пеколно влијае на хотелиерите и на големите производствени капацитети. И кај нив има интерес за постапката за поставување на фотоволтаици, рече Пецаков.

Сепак, Пацаков укажа, на ограничувањата кои ги има во Охрид по ова прашање.

„Сепак ние имаме мал проблем што во некои делови УНЕСКО ова го забранува. Охрид е под заштита на УНЕСКО и вакви капацитети не можат да се постават секаде. Но, се одговара на кои имаат интерес, а кои се во делови во кои тоа е дозволено“, посочи Пецаков.

Ние пред неколку дена го издадовме првото решение на приватен инвеститор за 5 мегавати, претпоставувам дека до крајот на годината или почетокот на идната година ќе издадеме уште четири решенија и околу 40 мегавати ќе бидат поставени од страна на приватни заинтересирани субјекти кои што изминатите година дена вложуваа во делот на урбанизација, вели градоначалникот на општина Велес, Марко Колев обраќајќи се пред присутните.

Колев истакна дека е подготвена документација за сите основни и средни училишта во општината за поставување на фотоволтаици  за производство на електрична енергија, а како што рече ќе се постават од 20 до 40 киловати.

Покрај овој процес следејќи ја состојбата на општината ги мотивиравме приватните субјекти во Велес да вложуваат во поставување на фотоволтаиции со убрзана постапка, значи со поставување на фотоволтаици на сите поголеми производствени капацитети во Велес се завршени. И она што можевме да го направиме е подготвивме документација техничка за сите основни и средни училишта во Велес и веќе сме во постапка за избор на  фирма, мислам дека и наредната недела ќе има отворање на понудите за поставување на фотоволтаици за прозиводство на електрична енергија за скоро сите основни и средни училишта. Ќе се постават околу 20 и 40 киловати, изјави Колев.

Сања Божиновска стратешки соработник на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за прашања од енергетиката, на трибината за предизвиците на локалната самоуправа во енергетска криза на „Саем на промени што носат иднина“ истакна дека додека цените на електричната енергија растат државата не е спремна, произведува дупло помалку од порано а не ја ни користи сончевата енергија.

Секојдневно слушаме за зголемени цени на електрична енергија, цените се навистина високи, а ние како земја не сме спремни. Ако имаше подобро менаџирање во последните години како на пример во 2010 година имаше ЕЛЕМ производство од 6.400 гигават часа, но мината 2021 година тоа е за 50% намалено, односно на 3.200 гигават саата. Тоа значи дека Македонија како знаеја на сонцето треба да се осврне на сончевата енергија, рече Божиновска.

Божиновска посочи дека Македонија треба да се огледа на Хрватска и Србија кои субвенционираат и до 50% за фотопанели или да може домаќинствата кои ќе дадат повеќе енергија во електросистемот може да добијат пари или да ја користат енергијата понатаму.  Таа додаде и дека во Македонија дискутабилно е земјиштето на кое се издаваат дозволи за фотоволтаици, на плодно земјиште не треба да се ставаат фотоволтаици, владата најави стратешки инвестиции но тоа засега е само на хартија и ништо не е направено.

Проф. д-р Константин Димитров укажа дека енергетиката е многу битен елемент во општеството односно како што рече тој таа е двигател на развојот на стопанството.

Енергетиката е многу битен елемент во општеството. Тоа е двигател на развојот на стопанството. Каква ни е состојбата и зошто дојдовме до ова е исто многу битно. Во Македонија енергетската база од која се обезбедува како што вели Владата доволно електрична енергија, но за регулираниот пазар, а забораваат дека нерегулираниот пазар и стопанството се сврзани садови. Ако овдека одземеш таму додадеш, проблемите веднаш се манифестираат секаде, се манифестираат во буџетот на домаќинствата, на тие што го полнат буџетот на државата, рече професорот Димитров.

Професорот Димитров во текот на своето обраќање се осврна на работата на хидроцентралите и термоцентралите.

Во Македонија се базира производството на термоцентрали и хидроцентрали и делумно се повеќе обновливи извори на енергија. Термоцентрали се со вграден капацитет 1069 мегавати, хидропотецијалот каде што зборуваме за големите хидропостојки се околу 560 мегавати, не е битно бројките да ги запаметиме, битно е да почувствуваме односот помеѓу нив. Во обновливи извори на енергија имаме 70 мегавати, но тука има едно големо НО. Термоцентралите работат со тој свој номинален капацитет или треба да работат со номиналниот капацитет 6.000 часови годишно. Хидроцентралите не работат толку, толку им е  капацитетот на вода што се фаќа со акумулациите, но акумулациите стојат на минимално ниво, така и да не можеме да очекуваме производство. Може да се каже дека они учествуваат со по неколку месеци и можат да исполнат својот капацитет. Со овој изграден капацитет во изминатиот период во Македонија ние обезбедуваме производство на електрична енергија што е на нивото од околу 7,700 гигават саати, толку и треба на Македонија моментално со тоа колку имаме опаднато производство, со тоа колку домаќинствата нешто штедат, колку имаме иселени луѓе. Но работата е што не произведуваме толку, произведуваме 5.500-5.600 што значи 30% од потребната количина на електрична енергија ја увезуваме. Ја увезуваме и заради покачените цени плаќаме скапо. Колку за споредба тоа се некаде на годишно ниво купуваме електрична енергија и плаќаме колку што би чинело да изградиме една двестамегаватна постројка на гас како што е во Скопје сега ТЕ-ТО, но таа не е наша таа е само изградена територија на Република Македонија, таа е приватна, додаде тој.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски зборуваше за интересот и иницијативите за поставување на соларни панели, и за тоа како да се олесни процедурата и да се мотивираат стопанските субјекти и поединци да се одлучат на ваков чекор.

„Во општина Битола до јули 2022 година пристигнале вкупно 13 барања со вкупна инсталирана моќност од 3200 киловати, а од јули до денес реализирани се 9 барања од кои 4 се одобрени со вкупна моќност од 1400 киловати и 5 се во постапка од 1655. Интересот е голем особено од стопанските субјекти, а индивидуалните побарувања се многу мали, меѓутоа сите оние кои што нешто значат во индустријата на Битола веќе се во фаза на барање одобренија. Од сознанијата кои ги имам од луѓето кои работат во овој сектор во општината Битола, постапката можеби е и отежната со тоа што се бараат инспектори кои треба да ја поминат некаква си фаза на лиценцирање и обука. Тука потребно е и ангажирање на електроинжери и дали секоја општина го има тоа како капацитет е сосема друго прашање“, истакна Коњановски.

Тој исто така се осврна и на предизвиците со кои се соочи општина Битола што се однесува на превисоките сметки за електрична енергија и надминувањето на истите

„Битола како општина која што е многу тесно поврзана со РЕК Битола, денес некои прославуваат годишнина, а ние овде дебатираме. Од едната страна се луѓето кои што кажуваат дека тече мед и млеко, меѓутоа состојбите се други и она што ние го имаме на терен е сосема друга состојба. Меѓу првите фактури кои ги потпишав беше онаа за електрична енергија. Сумата беше 7.700.000 денари и тоа е во месец ноември, само во 5-6 дена од стапувањето на должност и кога прашав колку беше претходната, одговорот беше 1.700.000, за после два три месеци да ја добијам фактурата од 10 милиони. Алармот беше уклучен уште од првите часови во контакт со нашиве колеги кои се соочија буквално со истиот проблем. Добавувачот со кој беше веќе воспоставен тендер, јавна набавка ја откажа и ние се соочивме да преминеме на универзалниот добавувач ЕВН каде според HUPX берзата зголемена за 50% вредностите може да замислите какви беа. Имавме неколку обиди до месец март кога истекуваше договорот да направиме повик. Повикот беше направен меѓутоа немаше заинтересирани, не се ни јавуваа. После тоа се склучи договор со ЕДС и на крај мораме да преминеме она што го договаравме заедно со колегите да ја направиме таа интервенција за која не укривуваа дека правиме криминал. Мислам дека се работи за спасување на граѓаните и спасување на локалните самоуправи затоа што самите сме свесни што значи толкави енормни трошоци и наместо да се фокусирате на развојот на општината, наместо да интервенирате во инфраструктура и да работите на проектите, вие едноставно животарите за да ги платите сметките за електрична енергија“, потенцираше Коњановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.