Кандидатот за градоначалник од граѓанското здружение „За наше Куманово“ од последните локални избори и актуелен градоначалник на Општина Куманово Максим Димитриевски, вечерва беше во посета на Општина Крушево кадешто се формираше граѓанското здружение „За иднината на нашите граѓани“.

„Денеска во Крушево е формирано граѓанското здружение „За иднината на нашите граѓани“ – Крушево. Одржавме средба со иницијативниот одбор и за претседател на здружението е избран Димитар – Таки Ќосев. Во оваа прилика при посетата на Крушево, делегации на граѓанските здруженија од Крушево, Прилеп и Куманово положија свежо цвеќе на споменикот на илинденците на Мечкин камен и вечното почивалиште на нашата музичка икона Тодор – Тоше Проески“, рече Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.