Антикорупциска ќе го проверува случајот со јавното претпријатие Водовод од Струга. Општинатата пред две години го продаде земјиштето и објектот во кој беше сместено ова комунално претпријатие и оттогаш струшки водовод за кирија месечно плаќа сума од над 3.000 евра. Според комисијата, и кириите и продажбата на парцелата, но и судбината на музејот кој се наоѓа во близина.

Директорот на водовод Дашмир Насуфи смета дека киријата и не е толку голема со оглед на бројот на вработени. На седницата на општината неодмана тој се бранеше дека ја наследил кријата од неговиот претходник и дека правел напори тоа да се смени. Но за градските советници остана тајна каде завршуваат парите од кириите, кој е сопственик на објектот каде освен Водовод е сместено и јавното претпријатие за паркинзи ЕКО Струга кое исто така плака висока закупнина.

Нејасна е и судбината на струшкиот природно научниот музеј кој исто така се наоѓа на атрактивно земјиште. Според некои информации најверојатно ќе биде дислоциран а на негово место изграден профитабилен проект.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.