Препораките за лекување на корона вирус официјално се јавно објавени на веб-сајтот на Министерството за здравство, информираше денеска претседателот на Комсиијата за заразни болести д-р Александар Петличковски.

Како што рече тој, препораките се со цел црпење на информации од релевантни информации за лекарите, не за општатата популација, но немаат обврзувачки карактер.

Препораките се за придржување до добра, докажана медицинска пракса при лекувањето на ковид. Состојбата е динамична, се случуваат промени. Голем дел од смртните случаи се должи на нашето запоставено здравје. На пример во други земји има помала смртност, поради здравствената култура, рече д-р Петличковски.

Оцифијалните препораки за лекување на ковид во земјава може да ги погледнете на следниов ЛИНК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.