Од утре почнува скринингот за ковид-19 во основните училишта во Македонија. Обезбедени со тимови и здравствени работници, соопшти портпаролот на Комисијата за заштита од заразни болести, д- Злате Mехмедовиќ.

Според него, во моментот, во основните училишта има повеќе деца кои се заразени со ковид-19, за разлика од средните училишта, каде ситуацијата е помирна. Затоа утре ќе се почне со скринингот, а за таа цел, денеска родителите ќе добијат изјава за согласност, нивното дете да биде тестирано на Ковид-19.

Скринигот ќе се врши во училиштата, односно таму ќе се зема брис, нема да има потреба родителите да ги носат децата во здравствените домови.

Оние родители кои во текот на денешниот ден добиле изјава за согласаност дека се согласуваат децата да им бидат тестирани со брз тест, нивните деца ќе бидат тестирани во училиштата, рече претседателот на Комисијата д-р Александар Петличковски.

Комисијата за заразни болести уште пред два дена алармираше дека бројката на заразени меѓу школските деца расте и дека за една недела бројот е зголемен за 120.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.