62-годишен маж од Германија, против лекарски совет, бил вакциниран 217 пати против Ковид, според лекарите. Сето тоа се одвиваше во период од 29 месеци. Бизарниот случај е документиран во списанието The Lancet Infectious Diseases, пишува „Би-би-си“.

Изгледа дека човекот не претрпел никакви лоши последици, велат истражувачите од Универзитетот во Ерланген-Нирнберг.

„За неговиот случај дознавме преку написи во весниците. Потоа го контактиравме и го поканивме да направи различни тестови во Ерланген. Тој беше многу заинтересиран за тоа“, рече д-р Килијан Шобер од одделот за микробиологија на универзитетот.

Човекот дал примероци од свежа крв и плунка. Истражувачите тестирале и некои од неговите замрзнати примероци на крв кои биле складирани во претходните години.

„Успеавме сами да земеме примероци од крв кога еден човек прими дополнителна вакцина за време на студијата на негово инсистирање“, рече д-р Шобер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.