Основниот суд ја одби тужбата на бизнисменот Орце Камчев кон Бојан Јовановски. Камчев приватно го тужеше популарниот Боки 13 за случајот „Рекет“ и бараше отштета од 1,5 милиони евра.

Во целост е одбиена тужбата и ова е правилна одлука. Тужителот нема статус на оштетен во кривичната постапка во случајот „Рекет“ и несовесно постапувал кога ги давал парите и бил свесен дека тоа е кричино дело .Тоа е причината за отфрлањето на тужбата во целост.-објаснува за Република“ адвокатот Сашо Дуковски.

Камчев има право на жалба пред Апелациониот суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.