Претседателот Пендаровски денеска откри дека Бугарија во последен момент доставила нови барања во однос на условите според кои Македонија може да ги почне преговорите со ЕУ.

Едниот е тоа што бугарската страна барала од францускиот предлог да се избрише зборот „автоматизам“ во делот каде е наведено дека по внесувањето на Бугарите во Уставот по автоматизам ќе се почне со меѓувладината седница за отворање на преговорите. Другиот пример од бугарските барања, кои за претседателот е неприфатлив, е и тоа што во делот на јазикот Бугарија инсистирала дека не се доволни унилатерални изјави на двете страни и барала нејзиното толкување за македонскиот јазик да добие еднаква правна сила во преговарачката рамка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.