Новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата отвара предмети за набавката на осум хеликоптери за Армијата вредни 230 милиони евра од италијанскиот „Леонардо“ и за набавката на 22 амбулантни возила преку тендер на Министерството за здравство.

Ова и денес го потврди новата претседателка на Антикорупциска, Татјана Димитровска, при тоа нагласувајќи дека случаите се отвораат предизборно по допрен глас.

Двата предмети за набавките на хеликоптерите и на амбулантни возила, со 13 други предмети, значи имаме 15 предмети поврзани со изборниот процес“, изјави Димитровска за РСЕ.

Според првиот човек на ДКСК набавките не смеат да се случуваат предизборно, повикувајќи се на Изборниот законик и во Законот за спречување на корупцијата, каде што се регулираат условите за нови инвестиции, вонредни исплати, вработувања, итн.

Дополнително,претходно беше објавено дека Министерството за здравство купува 22 амбуланти возила по цена од 90 000 евра за парче, иако еден месец претходно ЕУ донирала слични такви по цена од 63 000 евра.

Што се однесува за хеликоптерите, таму компанијата „Леонардо“ веќе е на лош глас по контроверзни набавки за неколку други земји.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.