Новинарот Боби Христов во вечерашната емисија во „Топ тема на Ваша страна“ на телевизија Телма му порача на портпаролот и пратеник од СДСМ, Дарко Каевски дека не можат да ги донесат законите затоа што Собранието нема кворум за гласање, а како причина го наведе одморот на пратениците од парламентарното мнозинство.

-Каевски, јас не знам каков договор имала власта и опозицијата, се знае кога има одмор Собранието, но факт е дека многу пред официјалниот ден на одмор на Собранието имаше пратеници кои што постираа фотографии од почнати семејни одмори, па ги имаа дури и до 15-ти, потенцираше Христов.

На ова, Каевски одговори, дека не знае за кои пратеници се однесува тоа, при што новинарот Христов му рече дека не може да очекува да покажува принт скинови од пратениците, но дека знаат зошто немаат кворум за одржување на седница.

-Си се знаат, ќе се пронајдат. Не очекувате принт скринови да објавуваме сега, си знаете зошто немате кворум сега, му порача Христов на Каевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.