Идната власт треба да направи ревизија во работата на ЕВН и каде отишле 30 милони евра  кои се исплатени на Никоб, откако Никоб ги примил тие пари, како и да се утврдат можни врски со индиректно или директно луѓе од сегашната власт, изјави новинарот Драган Павловиќ Латас за „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Латас посочи дека оваа фирма одеднаш станува централна фирма и во најголеми работодавачи и најпрофитни компании во државата и има 30 милиони земено за обезбедување на ЕВН.

Имате фирма во Струмица која се занимава со бодигарди и со фармација, и во исто време се занимава со ковид тестирање. Имате фирма во Струмица која со ЕВН има договор по доаѓањето на СДСМ на власт 2017 заклучно со последниот договор во 2021 со кој добива за обезбедување 30 милиони евра од ЕВН. Фирма која била бунар фирма претходно и се занимавала со обезбедување, дискотеки кафани, истакна Латас.

Тој посочи дека каде што било малку по 4-6 милиони годишно се измислило истражување во обезбедување само за да земе пари, а истовремено таа фирма е директен финансиер и логистика на СДСМ и нивните невладини организации и медиуми, што може да го видиме по нивното појавување на нивни реклами, спонзорства, појави, бранење на политиката.

ЕВН наплаќа струја кое е неосновано со висока цена. ЕВН е продадена од страна на СДСМ во 2005 со 1000 откази во еден ден и потоа е правено ревизија. Колку пари вложиле од свои средства, а колку пари од трансформатори и земјиште земени од граѓани и фирми. Таа фирма денеска ќе видите дека денеска е партнер само на медиуми и невладини на СДСМ и финансиер на нивните политичари, потенцираше Латас.

Латас додаде дека им се дозволува на ЕВН од страна на регулаторот за енергетика да наплаќаат транспорт на струја повеќе од цената на струја, 11% провизија и работи кои никој не би ги дозволил.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.