Миле Јанакиески вчера доби три и пол години за случајот „Топлик“ и тоа не е никако изненадување за оние кои го следат овој случај од самиот почеток.
Од однесувањето на судечкиот совет, и особено на обвинителот Бурим Рустеми, се знаеше дека Јанакиески е однапред осуден.
Во овој случај судот го прифати вештачењето на вештакот Борис Тунџев, иако за негово изземање постоење неколку можности.
Прво, тој беше актуелен директор на Агенцијата за катастар на недвижности и со самото тоа не смее да биде вештак во овој случај што беше потврдено и од Антикорупциската комисија.
Второ, неговата лиценца како вештак во тој момент била истечена и тој во никој случај не смеел да биде ангажиран.
Трето, тој бил финансиер на СДСМ, а неговата ќерка Катерина беше на листа за советник во Општина Карпош.
Но, сето ова не беше важно за Судот и Обвинителството и неговото вештачење беше прифатено.
Друга нелогичност е што ова е прва пресуда во Македонија за исплатена законска затезна камата. „Во Топлик“, иако никој не пријави штета, судот донесе пресуда и ги осуди обвинетите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.